Експозитура на ТТК банка во Велес денеска била ограбена.
Како што соопштија од банката , сторителот е непознат а грабежот се случил околу 9,20 часот.
За време на настанот вработените во Банката постапиле според процедурите и претходно дадените упаства, кои се применуваат во вакви случаеви. Никој од вработените не е поврeден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти во Банката“, соопштија од ТТК банка.
Во моментов се работи на утврдувањето на висината на износот на ограбените средства.
Како што се додава, средствата на Банката се претходно осигурани во надлежна осигурителна компанија во функција за елиминарање на секаков ризик од ваков вид настани.
Безбедносните камери јасно го лоцираат ограбувачот и истите се предадени на надлежните служби при МВР, кои се излезени на местото на настанот и превземаат професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.