Се уште се извлекуваат телата на загинатите во трагедијата во Чаир кога земја затрупа четворица работници.

Двајца работници загинаа и еден е тешко повреден по излизгување на земјиште при отварање на канал во близина на основното училиште „Петар Здравковски Пенко” на улицата „Кемал Сејфула“ во скопски Чаир денеска во 11 часот. Загинатите биле браќа, а неофицијално повредениот им бил зет, пренесе „Алсат“.

Загинатите браќа работеле во компанијата која е во сопственост на нивниот татко.

Според очевидци, за време на несреќата таткото на двајцата работници бил присутeн и се обидел со багер да ги ослободи од натрупаното земјиште, но безуспешно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.