Десетгодишно дете е тешко повредено синоќа во сообраќајна незгода што се случи на булевар „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во Скопје.

МВР соопшти дека синоќа во 21,15 часот е пријавено дека на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Скопје удрило во дете пешак на возраст од 10 години. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето, по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.