Двајцата штипјани кои тепаа 21-годишна девојка денеска ќе ја слушнат првостепената пресуда, откако пред два дена пред судијата во штипскиот Основен суд признаа и вина и изразија каење за наилството кое го сторија врз девојка во влез на станбена зграда.
Нивниот бранител Валентин Зафиров рече дека се спремни и да ја обештетат девојката и очекува фер пресуда. Додаде и дека се случило во момент на неразбирање а дека обвинетите се свесни за последиците и во иднина нема да прават повеке вакви дела.
Адвокатката на жртвата Билјана Андонова очекува строга казна, без разлика на тоа што признале вина. Таа посочи дека согласно Истанбулска конвенција се предвидени отежнителни околности во вакви случаи.
Андонова потврди дека девојката е во лоша состојба, а со неа работи тимот на невладината ЕХО. Насилството се случило во јануари, а вознемирувачката снимка беше објавена на 2 април на социјаните мрежи. Казната затвор за кривичното дело „ насилство“ се движи од шест месеци до пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.