Демиркапиец тешко се повредил откако синоќа со возило излетал од патот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Во во 23.20 часот на новата обиколница во Демир Капија, во близина на крстосница со улица „Јане Сандански”, патничко возило „форд” со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Н. (20) од Демир Капија, излетaло од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци – појасни Додевски.

Извршен бил увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.