Дел од ограда на куќа во изградба падна врз шеесет и четиригодишна жена од скопското село Стајковци.
Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера напладне, додека жената се движела по улица.
Таа е префрлена во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.