СВР Битола поднесе кривична пријава против поранешен декан на битолскиот Ветеринарен факултет, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, Г.Ж. (60) од Битола, во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари. Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна законска постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на П.Б. од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.