Двајца браќа од Скопје кои со мотоцикли вчера тргнале да се искачуваат на Титов врв, но заталкале на Шар Планина, ноќеска се спасени од полициски службаници од станицата за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Во тетовската полиција синоќа околу 21 часот и 15 минути било пријавено дека Е.Х.(31) и неговиот брат С.Х.(25), двајцата од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир, заталкале во планината, а им се случил и дефект. На Е.Х. му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош.
Полициските службеници поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, и околу 1 часот по полноќ браќата биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.