„Очекувам македонските институции да донесат правилна одлука и Томор Морина што поскоро да биде ослободен и да се врати дома“, изјави косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај, за ТВ24, по посетата на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово во притворот во Шутка.

Тој посочи дека Србија нема право да бара екстрадиција на косовски државјанин, кој смета дека е невин.

Дедај кажа дека Морина е добро и е оптимист дека наскоро ќе се врати во Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.