Три деца загинаа, а шестмина се повредени во пожар кој настана по експлозија на плинска боца во Куманово.

Денеска во 10:00 часот во село Романовце,кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телсени повреди но поради сериозноста на повредите истите се префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата – информира МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.