Татко во полиција пријавил дека неговиот син во основно училиште во Тетово е нападнат со тврд предмет, информираат од СВР Тетово. Детето било нападнато од тројца ученици од друго одделение.
Вчера С.С.(48) од Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути во тетовско основно училиште, по завршување на големиот одмор, во ходникот на училницата во која учел, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Напаѓачите, инаку ученици во истото училиште, користеле и тврд предмет, а едниот од нив, по завршување на наставата, уште еднаш се обидел да го нападне, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.