Обвинителството треба веднаш, по допрен глас, а видео снимката е допрен глас, да реагира и лицето кое се спомнува во разговорот на снимката, обвинителката Јанева, да ја повика да даде изјава. Потоа врз основа на проценка на обвинителот да се преземат натамошни мерки. Објавената снимка е капак на се што деновиве се случува во врска со случајот „Рекет“, вели за весникот ВЕЧЕР, адвокатот Звонко Давидовиќ.

Тој потенцира дека ова не е прв допрен глас за случајот „Рекет“. Оваа снимка е врвот, вели тој, бидејќи пред неа имало многу изјави и докази врз основа на кои до сега требало да бидат преземени одредени дејствија.

Таа е под сомневање, а нејзини овластувања не се ограничени. Да не заборавиме, Катица Јанева се уште е специјална јавна обвинителка што значи со работно место во СЈО, вели Давидовиќ.

По снимката која беше објавена во весникот „Ла Верита“ на која се гледа дека Боки 13 и Кичеец изнудуваат пари од бизнимеснот Орце Камчев, Даводивиќ вели дека не е првпат вакви снимките да се појават во јавност, а од обвинителството да нема резултат.

 Не е прв пат вакви снимки да се појавуваат во јавноста, а од обвинителството до сега нема резултат. Никој за вакво дело не е осуден, што значи дека ништо не е преземено во нашето правосудство, вели Давидовиќ за весникот ВЕЧЕР и додадава дека се поставува прашањето кој видео снимките ги пласира во јавноста?!

Второ прашање кое во случајов е многу битно е дека некој дома во кеш чува 1,5 милиони евра кои, од она што се слуша на снимката, се пари кои се даваат за привилегирање на оној за кој се води постапка, потенцира адвокатот Давидовиќ и додава дека останува отворено и прашањето дали Јанева постапила онака како што вели лицето на снимката и дали нема и други снимки и други докази дека Јанева не презела некое дејство во врска со овој случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.