Сексуален предатор од радовишкото село Љубница преку интернет му пишувал пораки на 12-годишно девојче за кое мислел дека е од Хрватска. Зад профилот всушност не стои девојче туку група на луѓе кои што намамуваат педофили, односно ги разобличуваат.

Преписките до кои што дојде „Слободен печат“, се објавени и на Фејсбук групата „Стоп за педофилијата”.

Првата порака што ѝ ја пратил на жртвата била на 7 март годинава и гласела ,,дали си сама?”. Потоа разговорот продолжува со прашање колку години има девојчето, во што е облечено, дали има убави гради, ја наведува да се соблече гола…

Потоа, „девојчето“ му пишало кажано да стави прст на уста, слично како да испраќа бакнеж и да се фотографира, по што тој тоа го направил и ѝ ја испратил фотографијата на „жртвата“, односно ѝ обесбедил докази на групата ловци.

Целиот текст ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.