Дел од медиумите големата полициска акција што вечерва се случува во Горно Мојанци, општина Арачиново ја поврзуваат со украдената марихуана која пред два дена исчезна од камион во Валандово.
-Цела недела се молчеше за украдената марихуана од Валандово. Вечерва, нели, сосома случајно, кога актуелна тема е ветото за влез на Македонија во ЕУ, се спроведува голема акција. Јасна е целта – да сесврти вниманието на јавноста на друга страна. Оваа влада досега многупати покажала дека секој неуспех се обидува да го прикрие со полициски акции, апсења на поранешни функционери… Се чини сита е приказната и овојпат – коментира нашиот соговорник, според кој браќа од Сингелиќ се поврзани со грабежот во село Јосифово.
Она за кое јавноста негодува е молкот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Не излезе во јавност, иако се работи за голем грабеж и голем скандал.
-Неколку тони марихуана исчезнаа од склад на фирма во село Јосифово, а министерот никаде го нема. Но тој е гласен само кога се работи за источниот клан. На западниот не смее да му припари- додава нашиот соговорник, кој поради својата професија сака да остане анонимен.
Тврди дека МВР сега ја наоѓа дрогата дел по дел. За информациите дека се слушнале истрели, тој вели дека е класичен дефокус на јавноста, препишан од учебникот на Гебелс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.