Од Центар за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пожарот кај езеро Младост, велешко, се уште е активен. Горниот дел кај езерото е ставен под контрола, но има проширување на краци назад кон Башино Село и отпадот Дине кај автопат.

Според најновите информации од екипите кои се на терен, пожарот кај езеро Младост, велешко, сеуште е активен. Горниот дел кај езерото е ставен под контрола, но има проширување на краци назад кон Башино Село и отпадот Дине кај автопат. На терен дејствуваат сили на АРСМ, како и екипи на ТППЕ Велес, Неготино, Св.Николе, Штип и Кавадарци, а побарана е помош и од Скопје. Исто така, во текот на целиот ден се дејствуваше и од воздух со хеликоптер на АРСМ и два канадери на ДЗС, кои поради слабата видливост во текот на ноќта ќе бидат повлечени. Гори нискостеблеста шума, смрека и сува трева, а силниот ветар во моментот го отежнува гаснењето на пожарот. Во тек е координација на градоначалникот на општина Велес со субјектите кои се вклучени во гаснењето на пожарот”, информираат од Центар за управување со кризи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.