Еден возач на патничко моторно возило се здобил со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, исклучени се 22 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и осум возила кои биле нерегистрирани.
За непрописно паркирање биле издадени 90 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 86 возила.
Казнети се и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, двајца возачи кои не дале првенствно на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за некористење на заштитен шлем на вел. со мотор, мопед и мотоцикл, шест возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и седум возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторни возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.