Цистерна полна со нафтени деривати пред малку се преврте кај Неготино. Возачот на цистерната не е повреден – вели за 1ТВ негов колега во телефонски разговор.

Додава дека најверојатно причината е замор на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал вчера во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје. Во разговорот возачот вели дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон.

1ТВ побара одговор кај надлежно лице во компанијата. Одговорниот со кој стапивме во контакт кусо рекол дека не може да разговара вечерва и дека во текот на утрешниот ден ќе одговори на прашањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.