Во тешка сообраќајна нереќа што се случи околу 18 часот во близина на Кочани, најмалку едно лице загина, а има и тешко повредени.
Според првичните сознанија до несреќата дошло на обиколницата кај Кочани, при што директно се судриле патничко возило и камион цистерна, а загинатиот се наоѓал во возилото. Од ударот цистерната излетала и се превретела во нива покрај патот. Повредените лица со возила на итна медицинска помош се префрлени во кочанската Општа болница, а интервенираат и пожарникарите.
Поради несреќата обиколниот пат околу Кочани е затворен за сообраќај од клучката кон село Грдовци до влезот кон Оризари, а возилата се пренасочуваат низ градот.
Увид на местото на сообраќајката прават јавен обвинител и сообраќајни полициски екипи, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Претходно во околината на Скопје, исто така во сообраќајна несреќа, животот го загуби уште сено лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.