М.Г. (23) од Скопје, вработен како чувар во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“, вчера  во 07.43 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 06.40 часот, додека бил на работното место, забележал машко лице кое паднало од 4/5 кат, притоа удирајќи и во тендата на објектот.

Било константирано дека станува збор за П.Ј. (46) од Скопје. П.Ј. е пренесен во Ургентен центар – Скопје, каде му се константирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.