Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен
материјал, во рамки на Одделот за криминалистичка полиција во координација
со Отсекот за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при СВР
Штип, по претходно обезбедена судска наредба, на 03.01.2020 од 16.30 до
17.40 часот во Штип изврши претрес во домот и други простории кај М.Б.(44)од
Штип.
При извршениот претрес, од страна полициски службеници биле пронајдени
автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19мм, малокалибарска пушка „симун“,
пушка-карабин, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22
мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми, различен калибар, војнички
ножеви, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан,
пригушувач и друго).
Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело
„недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки
материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот Законик на РСМ, М.Б. бил лишен од
слобода, приведен во полициска станица, а пронајдените оружје и муниција се
одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува
соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.