Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференија рече дека во самоизолација се 3.787 лица во земјава, а во Скопје 1.088. Тој информира дека МВР поднело 39 кривични пријави против 47 сторители поради непочитување на пропишаните мерки за заштита од коронавирусот.
Извршени биле 390 контроли. Под здравствен надзор во Скопје се 215 лица, а 349 во земјава.
На новинарско прашање тoj одговори дека се уште не се размислува за воведување кризна состојба во Скопје како во Дебар , а таа одлука треба да ја донесе Владата.
Минисерот додаде дека ситуацијата се контролира со зголемен број на полициски службеници, а зголемениот број на откриени случаи во Скопје е резултат на тоа што повеќе граѓани самоиницијативно се тестираат во приватните болници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.