Полициските единици во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во акција со повеќе други држави, реализираше акција за сузбивање на трговија со дрога. Во селото Крушопек беше запленет само дел од кокаинот, кој е дел од поголема количина, а крајната дестинација била нашата држава, рече министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

МВР во соработка со обвинителството за гонење на организиран криминал и коурпција презеде широк спектар на активности за пресекување на меѓународен канал за трговија со кокаин кој потекнува од Колумбија. Во Македонија беше утврден како краен примач компанијата „Банекс компани“ ДООЕЛ, како купец овошје, во случајов банани. Околу 9 часот, на граничниот премин Ќафасан-Струга, евидентирано е возило управувано од триесет и едногодишниот Ј.К. од Црна Гора, кој се упатил кон скопското село Крушопек. По претходно обезбедена наредба, извршен е претрес. На лице место е најден Ј.Е. 22 години, син на сопственикот на фирмата, како и Р.И. 51 годишен од Скопје, вработен кој вршел истовар. Иако неповикан, дошол и С.Е од Скопје, сопственик на фирмата. При претресот е најдено едно пакување, а биле одземени и мобилни телефони, парични средства, како и 1.980 пакети банани, возилото „Ивеко“. Вчера биле лишени од слобода и Ј.К., С.Е., Ј.Е. и Р.И. Истите ќе бидат предадени за постапка пред надлежен јавен обвинител“, рече Чулев.

Во интерес на истрагата, Чулев кажа дека не може да даде повеќе информации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.