Техничкиот министер, Наќе Чулев, кажа дека бројот на поплаките е зголемен за 44,6 проценти во однос на истиот период лани, а за еден месец, МВР има поднесено и пријави за 85 кривични дела поврзани со семејно насилство.

Од 12 април до 12 мај, Секторот за аналитика во рамките на МВР има статистика според која во овој период МВР има поднесено пријави за 85 кривични дела во врска со семејно насилство, а најмногу се од СВР Охрид, СВР Скопје и Струмица. Во врска со семејно насилство поднесени се 49 прекршоци против 54 сторители. Има констатирано 373 поплаки од граѓаните за семејно насилство што е зголемување од 44,6 отсто во однос на истиот период лани, рече Чулев.

Тој ги повика граѓаните кои се жртви на семејно насилство, тоа да го пријавуваат со цел ургентно постапување на полициските службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.