Околу 800 фотографии и видео материјали се споделени на социјалната група „Јавна соба“ на платформата „Телеграм“, а со неа управувале двајца администратори и двајца модератори, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во министерството. На новинарско прашање да сподели повеќе информации со јавноста за скандалот со малолетната порнографија што неодамна се појави во јавноста, Чулев додаде дека веќе е испратено барање до седиштето на „Телеграм“ во Велика Британија за добивање на дополнителни податоци за администраторите на групата, како и за сите членови на таа група коишто го прекршиле законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.