Полицискиот службеник кој денес беше повреден во Велес е контактибилен и во добра здравствена состојба, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој кажа дека попладнево го посетил и при посетата од страна на медицинскиот персонал од Хируршките клиники во Скопје добивл информација за неговата здравствена состојба.
За среќа прострелните рани му зафатиле само мускулно ткиво, а не витални органи. Докторите очекуваат брзо заздравување, соопшти Чулев.
Според информациите кои ги министерот ги има од СВР Велес, а кои веќе и се познати на јавноста, тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица.
Дополнително, сите три лица се задржани во полиција и истите утре ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, соопшти Чулев, додавајќи дека лицата се познати на полицијата како извршители на тешки кривични дела.
Четвртото лице е во бегство, а полициските службеници интензивно работат на негово лоцирање.
Полициската работа понекогаш бара натчовечки ангажмани и херојски жртвувања. Како министер за внатрешни работи максимално ќе се вложам овој случај да добие целосна правна разрешница и апелирам до надлежните органи и понатаму да работат на негово целосно расчистување, порача министерот за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.