Статистичките податоци покажуваат дека МВР во изминатите неколку денови полициските службеници беа на ниво на нивната задача затоа што здравјето на граѓаните е најважно.
Викендот МВР беше вклучено во преземање мерки со цел утврдување дали ќе се почитуваат полицискиот час, личната заштита – маските, обезбедувањето на државните карантини и контрола во угоститилските објекти заедно со Државниот инспекторат, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.
Од четвртокот од 21 часот до денеска на територијата на целата држава, МВР регистрирала вкупно 5.397 прекршувања на полицискиот час, а најголем дел 340 се на територијата на СВР Скопје.
За непочитување на уредбата за носење лична заштитна опрема констатирани се 1.777 непочитување и тоа, како што рече Чулев, најмногу во СВР Струмица, каде има 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356. Вкупно досега за неносење заштитна лична опрема има 8.188 непочитувања.
Изминатиот викенд во соработка со Државниот инспекторат извршени се 1.543 контроли во угоститлески објекти и регистрирани 22 непочитувања, од кои 18 на територија на СВР Охрид и четири на СВР Струмица.
Според Чулев, издадени се 1.648 решенија за изолација и 584 за самоизолација. МВР извршило 8.701 контрола на самоизолација и изолација.
Министерот Чулев апелираше сите да се воздражат од неосновани напади кои и нанесуваат штета на полицијата.
Свесен сум за револтот на граѓаните за ограничување на движењето, но целта е заштита на здравјето на граѓаните, а одлуките се носат на предлог од Комисијата за заразни болести, а МВР имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување, рече Чулев.
Во однос на обвинувањата од страна на власта до него, како што рече, работите се јасни од првиот ден како министер за внатрешни работи. – Мојот став е дека МВР треба да функционира професионално, неселктивно и законито. Во суштина во изминатиот прериод тоа се покажа во пракса. Грешки и пропусти сигурно има и тие се дел од работењето, рече меѓу другото Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.