Едно лице загина, а две се повредени во несреќата што се случила вчера во 19.20 часот било на крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“ во населбата Ченто во Скопје.
Како што соопшти МВР, во сообраќајната незгода учествувале работна машина за сечење дрва, управувана од С.С.(65) од Скопје и мотоцикл „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управуван од Р.Ш.(29) од Скопје.
На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.