Човечки фактор е причина за неколкуте пожари кои се уште се активни на територијата на општина Кичево.
На страната на селото Попојани и шумските подрачја кои се поврзуваат со селото Строгомишта денеска избувна пожар, кој предизвика големи материјални и еколошки штети, а исто така и во селото Вранештица се гледа како горат дрвја.
-Според првичните информации што ги поседуваме човечки фактор е причина за појава на пожарите. Затоа апелираме до граѓаните да не палат оган на полиња и на отворен простор. Од такви места огнот се шири низ многу делови и продира на највисоките планински површини, се наведува во соопштението на општината.
-Ги поттикнуваме граѓаните да ја зголемат грижата за несоодветни акции и да ја зголемат својата совест, бидејќи негативните последици нè повредуваат сите нас.
Пожарникарите цело време работат на терен за да ги изгаснат пожарите, но нивниот капацитет не е голем, со оглед на регионот што го покриваат, се вели во апелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.