Камион „ман”, сопственост на кумановска компанија, вчера се запалил чистејќи снег на улицата „11 Октомври”. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, тешкото товарно возило асистирало на ЈП „Македонија пат” во расчистување на улиците, но околу 14:55 часот се запалило на улицата „11 Октомври” во Куманово. Веднаш на терен излегле четворица пожарнокари со едно противпожарно возило и успеале да го локализираат огнот дури по еден час, објави Кумановски муабети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.