Притвор од 30 дена доби чичкото кој ги малтретирал внуците во Градски парк.

Во Градскиот парк во Скопје вчера тој го врзал за дрво 10-годишниот внук, кој имал аутизам, а со прачка ја тепал неговата 10-годишна сестра.

Случајот е пријавен од минувачи кои ги снимиле настанот, а Единицата за насилен криминал поднесе пријави до обвинителството за малтретирање и запуштање дете.

Осомничениот 46-годишник едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на дрво. Детето не можело да се ослободи, а неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност.

Чичкото прво ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Осомничениот е спроведен во Истражниот затвор во Шутка. ​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.