Четири лица се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера наутро околу 08.25 часот во Струга, на регионалниот пат Р1208.
Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од с.Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило “фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“во Охрид.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.