Во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица повредени се четири лица. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 14:47 часот меѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 37 годишниот Т.Д. од Велес и автомобил марка „ голф“ со радовишки регистарски ознаки управуван од 46 годишниот Ж.К. од село Ињево, радовишко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на камионот и автомобилот, како и сопатниците во него 41 годишната Ј.К. и 19 годишната С.К. од радовишкото село Ињево Увидот е во тек, вели Панајотова.

Таа додава дека повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Сообраќајот во двата правци е во прекин, но се пропуштаат само автобилили наизменично, бидејќи и во тек е отстранување на камионот од коловозот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.