Полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Козле“ го привеле Н.Р. (34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска околу 02 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Благоја Стефковски“ го лишиле од слобода А.А. (30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во истиот период полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги привеле А.Б. (27) и М.П. (27), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.