Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 18 часот на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на гостиварската патарина, пренесува „Гостивар прес“.
Според информациите од полицијата, во судирот учествувале четири возила со гостиварска, тетовска, прилепска и странска регистрација.
При сударот две женски лица и две машки се здобиле со телесни повреди. Двете жени од Охрид биле пренесени во болницата во Гостивар, додека повредените мажи кои биле тетовчани, биле пренесени во болницата во Тетово.
Увид на местото извршила полициска екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.