Четири лица се повредени во судирот кој се случил вчера на патот Свети Николе – Куманово. Моментот на несреќата беше снимен и објавен на „Јутјуб“.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Скачковце, а во неа учествувале патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце, кумановско, и патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово.
По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово, биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.