Четворица мажи се обвинети за убиството на Македонецот Дејан Димитровски (36) од 2017 година во Перт, Австралија. Тие се осомничени дека ја претепале жртвата до смрт, пренесува „ВАтудеј“.
Телото на Димитровски било пронајдено од страна на полицијата во локва од крв во неговиот дом во предградието на Перт, Балга, на 4 август 2017 година. Тој претрпел повреди на лицето, убоди во телото, а забележани биле и знаци на задушување. Во близина биле пронајдени јажиња, празни шишиња за вода и самолеплива лента.
Амирали Фарсиџани, Порија Ахбари Садики, Сана Самура и Вилијам Вејд Кикет се обвинети за убиството на Димитровски на судењето во Врховниот суд на Западна Австралија.
Обвинителката Лора Кристијан за време на воведните зборови во судот, истакна дека Димитровски живеел сам во неговиот дом во Балга во времето на убиството, како и дека неговиот дом наликувал на „тврдина“ поради заштитата на прозорците и безбедносните камери.
Дејан водел сметка за безбедноста, можеби бил и параноичен, особено во неделите пред неговата смрт. Кон неговата куќа било пукано барем во една прилика, кажала обвинителката.
Во вечерта на убиството, четворицата мажи, кои биле пријатели или соработници на Димитровски, наводно, ја посетиле неговата куќа во осум часот и останале околу 35 минути, при што избила расправија, според тврдењата на сосед на жртвата.
Целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.