Четворица жители на селото Житоше се приведени и против нив ќе биде поведена постапка, откако во нивното возило биле фатени со бесправно уловено животно.
На 28.12.2021 во 00:45 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од село Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. При контрола во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а останатите лица била сопатници, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и застрелано диво животно – информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.