При вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско, вчера полицијата открила четири лица кои ја напуштиле државата и покрај тоа што биле заболени од ковид-19.

З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата, Х.С.(32) од гостиварско Корито, позитивен на Ковид-19 , не бил дома и ја напуштил државата, В.Ш.(52) од гостиварско Корито, позитивна на Ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) од гостиварско Корито, позитивен на Ковид 19, ја напуштил државата, соопштија од МВР, додавајќи дека по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.