Вчера околу 15 часот во Прилеп, во круг на фабрика при растовар на товарно моторно возило „ДАФ“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Ч.М. (49) од Гевгелија, биле пронајдени четири државјани на Авганистан.

Во извршениот разговор со возачот тој кажал дека камионот го товарил во Бурса – Р. Турција, и во саботата го однел на царина во Бурса, а додека бил на царина и ги извршувал царинските формалности, камионот не бил пломбиран.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Државјаните на Авганистан ќе бидат упатени во ПТЦ „Винојуг“ – Гевгелија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.