Четири возила учествувале во верижниот судир кој се случил вчера околу 18:50 часот на магистрален пат А-4 Радовиш-Штип. Како што денеска сооптши МВР, се случила сообракајна незгода во која учествувале четири патнички моторни возила, кои се движеле во ист правец и тоа: возило „фиат добло“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Г.В (47) од Струмица, возило „БМВ-Х5“ со италијански регистерски ознаки, управувано од П.Ш (59) од Италија, возило „шкода фелиција“ со струмички регистерски ознаки, управувано од В.М (60) од село Василево и возило „голф“ со струмички регистерски ознаки, управувано од М.И (25) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Р (51), која била сопатник во возилото „голф“, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.