На денешното рочиште за „Рекет“ обвинителството презентираше видеоматеријали од следењето на обвинетиот Бојан Јовановски. Тој најчесто бил земан и враќан со возило „ренџ ровер“ од комплексот „Верина“ во населбата Орман.
Боки одел до улицата „Варшавска“, а често и во МНТ. Неколкупати Боки и самиот го управувал возилото.
Во една од снимките се гледа како Боки влегува во трговскиот центар „Рамстор“ и оди во продацница за накит.
Боки често знаел да седне и во ресторанот „Шпајз” заедно со непознати машки лица.
Претходно пред судот беа резентирани видеоматеријали од тајното следење на Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште за „Рекет“ призна вина и беше осуден на три години затвор.
Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.