Митко Чавков започнува штрајк со глад во штипскиот затвор затоа што на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност не му било дозволено да оди на операција на коленото.

Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон ШТРАЈК со глад“, се пожалил Чавков.

Чавков ќе поднесе кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита.

Заради арбитрерното токување на позитивната обврска за здравствена заштита од државата, ќе бидат запознаени и Комитетот за превенција и заштита од тортура и ќе поднесам кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита, вели Чевков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.