Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Чаир“ ќе поднесе кривична пријава до ОJO против Д.Е.(26), Д.А.(19) и С.Ј.(27) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле едно кривично дело „разбојништво“ согласно член 237 од Кривичниот законик.
На 08.12.2019 околу 04:30 часот во Скопје, додека се превезувале во такси возило на ул. „Брсјачка буна“ пријавените извршиле разбојништвo врз К.Ц., возач на такси возилото со употреба на физичка сила и му одзеле пари и мобилен телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.