Чадот кој се гледа од повеќе места во Скопје како и пепелта која паѓа од воздух и може да се забележи во некои скопски населби, како на пример Автокоманда и Ново Лисиче доаѓаат од горењето на трска и ѓубре во каналот кај Арачиново, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Тој потенцираше дека овој пожар не ги загрозува околните куќи.

На лице место интервенира екипа на БППЗ Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.