Пожар во кумановски дел на скопска Црна Гора. Чад и оган може да се забележат вечерва од зад планината. Гори ниска мешана шума и бор. Пожарот е во местото викано Влајингроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Испратена е екипа на Шумско стопанство, но неможе да се дејствува поради непристапен терен и немање соодветен пат до местото кое е зафатено со пожарот.

фот: Фејсбук

Од страна на Градоначалникот на општина Липково упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС, заради неможноста да се дејствува од терен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.