Центарот за Социјални работи денеска излезе со изјава во врска со случајот со заклучените деца во автмобилот во населба Лисиче. Од таму известија дека децата се одземени времено од родителите, сместени се на безбедно место. Се чекаат документи и официјални резултати од истрагата на полиција и ОЈО за понатамошна постапка.

Од Центарот известија дека биле запознаени со случајот на децата уште во текот на вчерашниот ден, но денеска се постапува поради тоа што се чекало да завршат деталните лекарски прегледи. Родителите во регистар не биле заведени како проблематични, но сопственикот на возилото (таткото) бил баран преку разглас од црквата за им се помогне на децата да се извлечат од возилото, по немање никаква реакција, очевидците пристапиле на помош, ги скршиле стаклата на црниот автомобил „алфа ромео“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.