Очигледно во последно време не може ништо паметно да се сретне низ социјалните мрежи освен глупости од типот: Возење со над со дозволена брзина и снимање за на инстаграм или TикTок, лажни флешери, лажни полициски значки, пушење трева, фрлање пари во автомобилот додека пуштаат музика… и тоа само за една цел: Како да станат познати со нивните глупости и да заработат повеќе лајкови и следачи!
Уште една ТикТокерка лудува низ македонските патишта.. со 240 км @o_spasovski rabotite nesto vie ministre?! @SitelTV @dvezvezdi1 @MakedON2021 @ExpresMK @sinisa_goliOtok @FurkanSaliu @K5TVmk @televizijatelma @InfomaxMk @KurirMK 🤬🤬🤬🤬🤬🤬🤬🤬🤬 pic.twitter.com/hz3b2TJ7Mj
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) March 11, 2021
Очигледно овие особи немаат доволно интелигенција да покажат некоја едукативна работа па мораат со ”селски” фори да чаламат низ социјалните мрежи, но проблемот е каде е МВР?? Каде е таа засилена полициска контрола за луѓето кои возат со 240 км на час и се снимаат за лајкови? Без разлика дали тие управуваат со возилото или нивниот близок пријател, или дечко. Зарем треба да настрада некој невин за нивните лајкови?!! Дали ваквите лачности може да размислат што може да се случи доколку дојде до сообраќајна незгода со толкава брзина?
Во продолжение ви го прикажуваме видеото кое е прикачено на социјалната мрежа Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.