Кривично дело „перење пари“ и злоупотреба на службена положба извршил Сулејман Реџепи според доказите кои денеска во ОЈО ги доставил Скендер Бузаку.

Бузаку тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ.

 Доказите кои ги доставив до ОЈО укажуваат на фактот дека осомниченото лице има сторено кривично дело со кое е нанесена штета од големи размери, присвојување на парични средства во износ од над 700 илјади евра, уплатени оваа година. Има фактура од 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ платило 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е утврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак, вели Бузаку.

Според Бузаку, Реџепи таксата за престој наместо во Министерството, ја уплатил преку посредник во приватна фирма регистрирана надвор од земјава, и на тој начин ги перел парите.

Скендер Бузаку истакна дека и во наредниот период ќе објавува нови докази за извршени кривични дела од страна на Реџепи и очекува Основното јавно обвинителство Скопје да ги преземе сите дејствија.

Наводите дадени од страна на Сулејман Реџепи во кое се употребени лични навреди упатени до мене тврдејќи дека мојата изјава претставува рекет врз ИВЗ и до него, а со оглед на доставените докази кои ги покажувам денес пред пошироката јавност јасно може да се заклучи дека единствен рекетар на ИВЗ е Сулејман Реџепи кој преку оваа фактура има присвоено парични средства, истакна Бузаку.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.