на граничниот премин Табановце бил уапсен жител на Центар Жупа, по кого била издадена потерница за издржување затворска казна.
На 27.08.2021 во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“ полициски службеници го лишиле од слобода Ф.А.(54) од с. Праленик – Центар Жупа бидејќи при извршена контрола било констатирано дека истиот се бара за издржување затворска казна поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.297 став 3 од Кривичниот законик. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка – соопштија под полицијата.
Околу пет ипол часа подоцна, на граничниот премин бил уапсен и државјанин на Косово, кој се обидел да ја напушти земјава со туѓ француски пасош.
На 27.08.2021 во 21,30 часот на граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е лишен од слобода Г.Б.(23) од Р.Косово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „послуга со туѓа патна исправа“, бидејќи истиот при пасошка контрола приложил француска патна исправа на име M.З(18) од Р.Франција. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.