Полицијата упаси криминалец од Бугарија, баран со меѓународна потерница, за кривично дело силување и противправно лишување од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 12:00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М. (63) од Р. Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија. П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол, се вели во соопштението од МВР.
Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во КПУ Затвор Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.